Обуки

Наставен модул 3:
Мониторинг индикатори за проверка на социјалните услуги

Организирано во соработка со Заводот за социјални дејности

Цел на обуката

Да се развијат и подобрат знаењата, вештините и способностите за прибирање податоци и проток на податоци согласно 3-те вида показатели (инпути, аутпути и исходи од различните видови социјални услуги – квантитативни и квалитативни показатели, показатели за мерење на исходот и влијанието на услугите и контролни показатели). Конкретни цели на учењето:

  • Видови показатели (содржина, логички модел, изработка на табела на очекувани резултати што треба да се постигнат преку давањето услуги) и нивната важност за време на давањето на квалитетни социјални услуги:
    • Показатели за мерење на инпутите, аутпутите и исходите индивидуализирано за секој вид на социјална услуга.
    • Показатели за мерење на исходите и влијанијата
    • Показатели засновани на стандардите за квалитет на социјалните услуги
  • Да се стекнат знаења, вештини и способности за различните видови извештаи и потребата од користење на стандардизиран формат на извештаи.
  • Процесот на проток на податоци меѓу различните нивоа на следење и оценување

Вештини што треба да се развијат

  • Способност за прибирање на различните видови показатели за време на давањето на социјалните услуги;
  • Способност редовно и правилно да се известува за собраните податоци за различните показатели и постигнатите резултати на сите нивоа;
  • Способност да се управува со спроведувањето на политиките и процедурите за осигурување квалитет на податоците соодветно за видот на податоците и изворот на податоците;
  • Способност да се управува со спроведувањето на процесите за управување со податоци и споделување на податоци.

Дополнителни информации

Обучувач

Александра Георгиевска

Експертка со долгогодишно искуство за мониторинг и евалуација. Располага со опсежно искуство во осмислување и спроведување активности за следење и оценување на полето на социјална заштита, социјално вклучување, инклузивен пазар на трудот, како и инклузивно и интегрирано образование.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси