Обука: Мониторинг индикатори за проверка на социјалните услуги
Денеска, со активно учество на повеќе од осумдесет учесници, се одржа третата обука за набљудување и оценување на социјалните услуги, насловена: Мониторинг индикатори за проверка на социјалните услуги.
Обуката, организирана во соработка со Заводот за социјални дејност, е пост-квалификациска обука за социјални професионалци со долгогодишно работно искуство.
Социјалните професионалци, претставници од приватни и јавни даватели на социјални услуги, центрите за социјална работа, Министерството за труд и социјална политика и Заводот за социјални дејности, се запознаа со видовите на индикатори за набљудување на социјалните услуги и нивното значење според Законот за социјална заштита и подзаконските акти.
Преку практична работа, учесниците ги разгледуваа индикаторите за мерење на квалитетот на различни социјални услуги: дневен престој, помош и нега во домот, лична асистенција и живеење со поддршка. Едновремено, ги разгледуваа и повратните информации согласно развиените мониторинг листи за резултатите и влијанијата на различни видови на социјални услуги.
Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. Видеата и материјалите од претходните две обуки за набљудување и оценување на социјалните услуги ќе ги најдете на линковите: Вовед во следење и оценување на социјалните услуги и Осмислување, управување, следење и оценување на квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата. За да имаат пристап до материјалите, заинтересираните треба да се регистрираат.
За сите известувања следете не на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022