Обуки

Наставен модул 12:
Квалитетот на социјалната услуга за помош и нега во домот и долгорочна грижа

Цел на обуката

Да се изградат вештини за пристап кон квалитетна примена и користење на принципи и заеднички стандарди за квалитет на ниво на ЕУ и воспоставување  функционална врска помеѓу овие елементи при спроведувањето на социјалните услуги.

Специфични цели:

  • Запознавање со принципите и заедничките стандарди за квалитет, како и со пристапите како да се дефинираат, проценат и подобрат мерките за квалитет при обезбедувањето социјални услуги. Ќе се запознаат и со нови пристапи кои се користат преку алатка (E)qalin, развиена од неколку земји во ЕУ и во употреба во Хрватска, Словенија, Австрија и други земји.
  • Запознавање со меѓусебната поврзаност на структурата, процесот и исходот, како и усогласување на активностите на различни вклучени актери.
  • Запознавање со надворешните и внатрешните пристапи за оценување на квалитетот за давателите на социјални услуги.
  • Запознавање со сите циклуси за обезбедување квалитет преку примерот на услугите за домашна нега за стари лица.

Вештини што треба да се развијат

  • Способност да се разберат принципите и заедничките стандарди за обезбедување квалитет.
  • Способност да се разбере дефиницијата, проценката и подобрувањето на квалитетот за грижата за стари лица (старечки домови и услуги за домашна нега).
  • Способност да се направи разлика помеѓу внатрешна и надворешна проценка на квалитетот.
  • Способност да се разбере циклусот за обезбедување квалитет.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Обучувач

Моника Габањи

Експертка со над 25-годишно професионално искуство и работа на управување проекти, развивање системи за социјална и здравствена заштита, спроведување обуки и градење капацитети во области како што се долгорочно згрижување / социјално вклучување / давање интегрирани услуги во заедница за поддршка на лица со ментална и физичка попреченост и на стари лица.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси