Обуки

Наставен модул 2:
Спроведување на мониторинг и евалуација врз квалитетот на социјалните услуги

Организирано во соработка со Заводот за социјални дејности

Цел на обуката

Да се зајакнат знаењата, вештините и способностите за значењето и важноста на осмислување и испорачување на квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата и како активностите за следење и оценување може да ги поддржат овие процеси. Конкретни цели на учењето:

  • Квалитетот на социјалните услуги и услуги во заедницата, во поглед на:
    • Квалитетот, како на содржината и на процесите;
    • Степенот на задоволство на корисниците и нивните семејства;
    • Усогласеност и сообразност на социјалните услуги и услуги во заедницата со стандардите за квалитет;
    • Индивидуализирање на услугите според потребите на корисникот; и
    • Расположливост на соодветни и достаточни ресурси (кадровски, материјални и финансиски).
  • Целите и начелата на организирањето и давањето на квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата согласно техничките и функционалните стандарди за различните социјални услуги и услуги во заедницата што се достапни во Северна Македонија и земјите членки на ЕУ;
  • Да се стекнат информации за важноста на квалитетот на социјалните услуги и услуги во заедницата;
  • Методите и алатките за оценување на квалитетот на социјалните услуги и мерење на задоволството на корисниците од услугите (процеси и исходи).

Вештини што треба да се развијат

  • Способност да се планираат, управуваат и спроведуваат квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата;
  • Способност да се користат различните алатки и методи во секојдневната работа за квалитетот на социјалните услуги, задоволството на корисниците од услугите и животот на корисникот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Обучувач

Александра Георгиевска

Експертка со долгогодишно искуство за мониторинг и евалуација. Располага со опсежно искуство во осмислување и спроведување активности за следење и оценување на полето на социјална заштита, социјално вклучување, инклузивен пазар на трудот, како и инклузивно и интегрирано образование.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси