Обука: Мапирање на локалните социјални услуги и потребите на корисниците
Со идеја да се зајакнат капацитетите на општините за подобро осмислување и планирање на социјалните услуги во заедницата според потребите на локалните корисници, денеска, преку платформата Зум се одржа обуката „ Мапирање на локалните социјални услуги и потребите на корисниците“, на која учествуваа педесетина социјални професионалци и претставници од повеќе општини.
Обучувачот Билјана Дуковска го претстави моделот за собирање, систематизирање, анализирање и вкрстување на локални податоците, како и планирање на социјалните услуги врз основа на потребите на корисниците и можностите во заедницата. Дуковска во детали ги објасни концептите за идентификување на ранливи групи на граѓани, согледување на постојните ресурси на локално ниво за задоволување на потреби на ранливите групи на граѓани на локално ниво и можностите за развој на нови социјални услуги.
Учесниците, до две практични вежби, ги дефинираа социо-економските предизвици во заедниците, дефинираа техники за мапирање најсоодветни за нивната заедница, дефинираа иновативни услуги и подготвија план за нивни развој.
Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. За да имаат пристап до материјалите, заинтересираните треба да се регистрираат.
За сите известувања следете не на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022