Обука: Лично планирање за вработување на лица со попреченост и други ранливи групи – Од окупациона терапија до вработување
Денеска се одржа третата пост-квалификациска обука за социјални професионалци со долгогодишно работно искуство, организирана во соработка со Заводот за социјални дејности.
На обуката „Од окупациона терапија до вработување на лица со попреченост“ активно учествуваа повеќе од 65 учесници, претставници од јавни и приватни даватели на социјални услуги, центри за дневна нега и рехабилитација, Агенција за вработување, социјални професионалци од МТСП, кои имаа можност да ги надградат своите вештини и капацитети за развој на структурирани пристапи за подобрување на активирањето, социјалното вклучување и вработувањето на лицата со попреченост и други групи кои се далеку од интеграција на пазарот на трудот.
Обучувачот, Стојан Андонов, експерт до долгогодишно искуство, го претстави концептот на окупациона терапија , како и видовите окупациона терапија и нивните карактеристики: терапија за секојдневни животни активности и работно ориентирана окупациона терапија.
Учесниците, низ практични вежби, ги дадоа своите видувања на тоа кои би биле засегнати страни во обебзедување на окупациона терапија, како би ја реализирале, да утврдат за која целна група каков вид окупациона терапија е соодветен.
Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. За да имаат пристап до материјалите, заинтересираните треба да се регистрираат.
За сите известувања следете не на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022