Трета работилница за пилотирање на системот за мониторинг и евалуација
Денеска се оддржа трета работилница со трите даватели на услуги вклучени во пилотирање на системот за мониторинг и евалуација на социјални услуги. На истата, давателите на услуги имаа можност да добијат повратна информација за подготвените месечни извештаи од нивна страна, да ги споделат своите исксутва, научени лекции и дадат предлози за доусовршување на образецот.
Согласно нивните препораки, проектниот тим разви и онлајн алатка за известување за испорачана услуга по корисник на неделна основа. Во наредниот период, давателите на услуги преку своите координатори, асистенти/негуватели и лица за грижа ќе имаат можност да ја истестираат и оваа алатка. Проектниот тим лидер, исто така ги извести и за идните активности насочени кон зајакнување на капацитетите на давателите на социјални услуги пред се лиценцирани даватели на услуги.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022