Втор состанок на работната група за пилотирање на системот за мониторинг и евалуација на социјалните услуги
Денеска се одржа вториот состанок на работната група за пилотирање на системот за мониторинг и евалуација на социјалните услуги при Министерството за труд и социјална политика. На истиот присуствуваа претставници од Министерството за труд и социјална заштита (Сектор за Социјална заштита и Одделението за евроинтеграции и меѓународна соработка), Комисијата за лиценцирање на даватели на социјални услуги, Заводот за Социјални Дејности, давателите на услуги вклучени во пилот активноста (НВО „ Инклузива„Инклузива-Inkluziva, Здружение на лица со церебрална парализа Велес Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес и Црвен Крст на Република Северна Македонија-Општинска Организација Струмица Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица и проектниот тим на ЕПТИСА.
Состанокот имаше за цел да ги запознае претставниците на работната група за:
1) прогресот поврзан со реализираните активности согласно првата фаза од пилотирањето-подготовка и известување за испорачаната услуга на месечна основа и помошниот образец за известување за испорачана услуга по корисник на неделна основа;
2) научените лекции од спроведените активности од страна на проектниот тим и давателите на услуги;
3) препораките кои доаѓаат од страна на давателите на услугите за развиените обрасци за известување;
4) идните активности поврзани со зајакнување на капацитетите на давателите на услуги;
5) воведни насоки за подготовка на шестмесечниот и годишниот извештај за испорачаните социјални услуги.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022