Обуки

Наставен модул 1:
Вовед во мониторинг и евалуација на социјалните услуги

Организирано во соработка со Заводот за социјални дејности

Цел на обуката

Зголемување на свесноста, знаењата, вештините и способностите за следење и оценување при давање на социјалните услуги и услуги во заедницата и запознавање со институционалната поставеност за вршење на следењето и оценувањето на сите нивоа преку дефинирање на правата и обврските на сите засегнати страни на локално и централно ниво. Конкретни цели на учењето:

  • Поимите следење и оценување во давањето на социјалните услуги и услуги во заедницата и како може да придонесат за давање на висококвалитетни социјални услуги и услуги во заедницата;
  • Да се стекнат знаења и способности за различните видови редовно следење и оценување за време на и после давањето на социјалните услуги и услуги во заедницата;
  • Институционалната поставеност во вршењето следење и оценување преку дефинирање на клучните засегнати страни вклучени во вршењето на  следење и оценување на централно и локално ниво.  (права, обврски и делокруг на интервенции)

Вештини што треба да се развијат

  • Способност да се разбере содржината, целта и видовите на следење и оценување и да се направи разлика меѓу двата процеси;
  • Способност да се осмислат, управуваат и спроведуваат различните видови следење и оценување (внатрешно и надворешно) за време на давањето на услугите;
  • Способност да се разберат улогите и обврските на сите засегнати страни вклучени во следење и оценување на сите нивоа.

Дополнителни информации

Обучувач

Александра Георгиевска

Експертка со долгогодишно искуство за мониторинг и евалуација. Располага со опсежно искуство во осмислување и спроведување активности за следење и оценување на полето на социјална заштита, социјално вклучување, инклузивен пазар на трудот, како и инклузивно и интегрирано образование.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси