Лиценцирање даватели на услуги

Проектот е посветен да воспостави модел за техничка помош и директна поддршка на избрани даватели на социјални услуги во процесот на лиценцирање. Проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ разви методологија која обезбедува практично упатство засновано на правилата (во однос на постојните стандарди-правилници за секоја услуга) на целото Досие на документи за лиценцирање во согласност со новиот Закон за социјална заштита. Проектот ќе им понуди директна помош и поддршка на давателите на услуги да го комплетираат целосното Досие и да аплицираат до Комисијата за лиценцирање при Министерството за труд и социјална политика (МТСП).