Обука: Лиценцирање на давателите на социјални услуги

Обуката „ Лиценцирање на давателите на социјални услуги“ наменета за јавни и приватни даватели на социјалните услуги, јавни институции, единици на локалната самоуправа, приватните даватели на социјалните услуги и граѓанските здруженија, се одржа на 11 мај 2021.

Повеќе од 80 учесници, претставници од даватели на социјални услуги, имаа можност да се запознаат детално со подготовката и обезбедување на неопходната документација за добивање лиценца за вршење работи на социјална заштита согласно законските обврски од член 163 и 167 од Законот за социјална заштита. Едновремено, се запознаа и со правилното толкување и примена на правилниците и поблиску пропишаните услови и критериуми за лиценцирање.

Обучувачот Саше Јованов во детали ги претстави потребните чекори за подготовка на потребната документација за лиценцирање: обезбедување простор, кадар и опрема, развивање годишна програма за социјални услуги, елаборат за организацијата, годишен план за обезбедување финансиски и материјални средства, работа во недискриминаторска средина, како и внатрешни процедури за евалуација.

Учесниците имаа можност преку работни вежби да оценат колку се подготвени да ја обезбедат потребната документација и дали се подготвени тоа да го направат самостојно.

Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. За да имаат пристап до материјалите, заинтересираните треба да се регистрираат.

За сите известувања следете не на социјалните мрежи ФејсбукИнстаграм и Твитер.