Социјални дијалози

„Социјален дијалог“ – Серија разговори за процесот и придобивките од деинституционализација на социјалните услуги во Република Северна Македонија

Кои се предизвиците и подобрувањата кои ги носат Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 и новиот Закон за социјална заштита? Што значи обезбедувањето социјални услуги во заедницата за лицата со попреченост? Кој може да ги обезбеди и спроведува социјалните услуги во заедницата? Што значи трансформацијата на институционалната социјалната грижа во социјална грижа во заедницата?..
Ова се само дел од прашањата на кои, преку серија интервјуа, ќе се обидеме да добиеме одговори од сите засегнати страни. Разговараме со лицата со попреченост и нивните семејства за нивните очекувања и искуства, претставници од надлежните институции одговорни за проведување и следење на резултатите од реформата, даватели на социјални услуги (постоечки и нови), одговорните лица за спроведување и воспоставување нови социјални услуги на локално ниво, претставници на проекти кои го поддржуваат спроведувањето на транзицијата од институционална во грижа во заедницата и многу други.

Наташа Петровска

градоначалник на општина Битола

Разговараме со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска за новоусвоениот Локален социјален план за периодот 2021-2024, како патоказ за развивање на локалните социјални политики и подобрување на социјалните услуги во заедницата.

ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕО

Лазар Петров

Градоначалник на општина Демир Капија

Разговараме со градоначалникот на општината, Лазар Петров за состојбите и подобрувањата што ќе ги донесе новиот Локален социјален план. Демир Капија е една од осумте општини, која со поддршка од овој проект, за прав пат усвои локален социјален план за периодот 2021-2024…

ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕО

Борјанчо Мицевски

Градоначалник на општина Крива Паланка

Кон средината на минатата година, преку инклузивен процес општина Крива Паланка ги мапираше социјалните потреби и ранливите групи и усвои тригодишен Локален социјален план, со што активно се вклучи во пошироката национална реформа на модернизација, деинституционализација и децентрализација на социјалните услуги. …

ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕО

Митко Јанчев

Градоначалник на општина Кавадарци

Кон почетокот на мај 2021 општина Кавадарци и официјално го усвои Локалниот социјален план за периодот 2021 – 2024 година. Општината веќе гради искуство во обезбедување социјални услуги во домот и во заедницата. Преку волонтерски сервис и општествено-корисна работа се обезбедува поддршка за стари и изнемоштени лица.

ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕО

Сашко Николков

Градоначалник на општина Штип

Разговараме со градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Во 2020 година општината ги мапираше социјалните потреби и ранливите групи и усвои Локален социјален план за периодот 2021 – 2024 година. Со тоа, Штип е една од неколкуте општини која активно се вклучи во реформа за модернизација, деинституционализација и децентрализација на социјалните услуги.

ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕО

Анкица Кијајова

Пробиштип

Разговаравме со советничката за социјална заштита во Општина Пробиштип, Анкица Кијајова. Во декември минатата година, со одлука на Советот на општината, беше усвоен Социјалниот план на Општина Пробиштип за периодот 2022 до 2025 година. Кијајовa беше дел од работниот тим, кој со поддршка на Проектот за модернизација и деинституционализација на социјалните услуги, ги мапираше состојбите и потребите во општината и го подготви Социјалниот план.

ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕО