Социјален дијалог

Борјанчо Мицевски, Крива Паланка

Кон средината на минатата година, преку инклузивен процес општина Крива Паланка ги мапираше социјалните потреби и ранливите групи и усвои тригодишен Локален социјален план, со што активно се вклучи во пошироката национална реформа на модернизација, деинституционализација и децентрализација на социјалните услуги. За тоа какви промени и подобрувања ќе се реализираат, разговараме со градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Заложбата, лично моја, но и институционална е да имаме колку што е можно поголем број среќни граѓани, граѓани кои нема да чувствуваат социјална исклученост преку спроведувањето инклузивен процес уште од најраната возраст.

Бојранчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка

Видеото е продукција на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ кој го реализира Ептиса во соработка со КАРЕ, со финансиска поддршка од ЕУ, а краен корисник е Министерството за труд и социјална политика. Содржините во видеото се одговорност на Ептиса и на партнерите, и не секогаш ги рефлектираат ставовите на Европската Унија.