Работилницата „КОЛКУ ЛЕСНИ СЕ ЛЕСНО ЧИТЛИВИТЕ ДОКУМЕНТИ?“

Вчера, во Центар за социјални претпријатија – Social Enterprises Centre, ја одржавме работилницата „КОЛКУ ЛЕСНИ СЕ ЛЕСНО ЧИТЛИВИТЕ ДОКУМЕНТИ?“.

Дваесетина учесници, претставници на даватели на социјални услуги од Битола, Берово, Скопје, Кавадарци, Неготино, Струмица, Велес, Свети Николе и Тетово имаат можност да се запознаат со основните принципи и правила за подготовка на ЛЕСНО ЧИТЛИВИ документи.

Настанот, кој се организира во соработка со МТСП и Делегацијата на ЕУ, го отворија Марија Маринаку, тил лидерка на проектот и Дрита Аслани, претставничка од МТСП.

Каролина Фик ги објасни основните правилата и прописи за лесно читливи документи, додека Маја Атанасова, по примерот на лесно читливите документи кои ги подготви проектот го опиша процесто како од правилник или правен документ да се стигне до лесно читлив документ. Таа, во рамките на проектот учествување во подготовката на лесно читливите долкументи Услуги за помош и нега во домот и Услуги на дневен престој.

Нашата тим лидерка Марија Маринаку се осврна на предизвиците и решенијата при структурирањето на лесно читливите документи.

Лесно читливите документи ќе ги најдете на линковите:

Услуга за помош и нега во домот

Центар за дневен престој за лица со попреченост