Завршен состанок на Управниот одбор на проектот

На 2 март 2023 година ја одржавме последната официјална проектна активност, завршниот состанок на Управниот одбор на проектот (УО), при што го презентиравме завршниот извештај и постигнувањата на проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“, кој го реализиравме во периодот од мај 2019 до декември 2022 година.

Тим лидерката Мариа Маринаку го презентираше постигнувањето на сите 106 зацртани излезни резултати, како и значителното влијание што проектот го имаше врз процесот на модернизација и деинституционализација во земјата.

За време на состанокот немаше забелешки на нацрт-завршниот извештај кој беше споделен со членовите на УО пред состанокот. Дополнително, до дадениот рок за давање коментари на извештајот не беа добиени дополнителни коментари, при што може да се смета дека завршниот извештај е поддржан од страна на УО, што овозможува негово конечно одобрување од Делегацијата на ЕУ.

Во исто време сакаме да ја искористиме оваа прилика и да изразиме благодарност до сите чинители и засегнати страни кои беа вклучени во успешната имплементација на проектот, Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Министерството за труд и социјални услуги, Заводот за социјални дејности, Центрите за социјална работа, како и професионалните социјални работници и давателите на социјални услуги во заедницата (јавни и приватни).

Со почит,
Проектниот тим