Социјален дијалог

Митко Јанчев, Кавадарци

Кон почетокот на мај 2021 општина Кавадарци и официјално го усвои Локалниот социјален план за периодот 2021 – 2024 година. Општината веќе гради искуство во обезбедување социјални услуги во домот и во заедницата. Преку волонтерски сервис и општествено-корисна работа се обезбедува поддршка за стари и изнемоштени лица. За тоа какви промени носи новиот социјален план, базирани врз податоците од мапирањето на потребите на корисниците и кои се најголемите предизвици разговараме со градоначалникот Митко Јанчев.

Јас како градоначалник, правам максимални заложби и лично и институционално, овие сите потреби за заживување на планот да ги ставиме на приоритетна листа, и планот да не го ставиме само на хартија, туку и да го спроведеме во реалноста. Општината ќе го буџетира планот дел од сопствени средства, и дел од средства кои би ги побарале и од Министерството но и од други организации, за да бидеме водители во делот кој на социјалните услуги ќе им даде значење, функционалност и долгорочност.

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци

Видеото е продукција на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ кој го реализира Ептиса во соработка со КАРЕ, со финансиска поддршка од ЕУ, а краен корисник е Министерството за труд и социјална политика. Содржините во видеото се одговорност на Ептиса и на партнерите, и не секогаш ги рефлектираат ставовите на Европската Унија.