Социјален дијалог

Сашко Николков, Штип

Разговараме со градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Во 2020 година општината ги мапираше социјалните потреби и ранливите групи и усвои Локален социјален план за периодот 2021 – 2024 година. Со тоа, Штип е една од неколкуте општини која активно се вклучи во реформа за модернизација, деинституционализација и децентрализација на социјалните услуги.

Државата, општината, корисниците, локалното граѓанство и бизнис задницата се многу важни актери кои можат да овозможат пристап до дополнителни социјални услуги, со цел заживување на Социјалниот план на општина Штип, а самата општина ќе даде поддршка во било кој правец. Во овој момент ние немаме конкретна соработка со приватниот сектор кој што ќе започне некоја социјална услуга, меѓутоа имаме неколку најави за првни лица кои што имаат желба и потреба да го развиваат тој дел, и мислам дека во иднина за да може социјалната услуга на ранливите категории да ја подигнеме на едно ниво, ние мораме да влегуваме во тој принцип на јавно-приватно партнерство.

д-р Сашко Николов, Градоначалник на Оптина Штип

Видеото е продукција на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ кој го реализира Ептиса во соработка со КАРЕ, со финансиска поддршка од ЕУ, а краен корисник е Министерството за труд и социјална политика. Содржините во видеото се одговорност на Ептиса и на партнерите, и не секогаш ги рефлектираат ставовите на Европската Унија.