Социјален дијалог

Лазар Петров, Демир Капија

Разговараме со градоначалникот на општината, Лазар Петров за состојбите и подобрувањата што ќе ги донесе новиот Локален социјален план. Демир Капија е една од осумте општини, која со поддршка од овој проект, за прав пат усвои локален социјален план за периодот 2021-2024, како дел од пошироката национална реформа за организирање на системот на социјалната заштита врз принципите на деинституционализација, плурализација и децентрализација. Општината веќе има големо искуството во процесот на деинституционализацијата и трансформацијата на Специјалниот завод Демир Капија и беше активно вклучена во првиот бран на преселба на лицата со интелектуална попреченост во мали станбени единици.

За прв пат во општина Демир Капија ќе се воведат социјални услуги како помош и нега во домот. Оваа услуга ќе биде испорачана до дваесет корисници, стари и изнемоштени лица, најчесто лица со попреченост и хронично болни лица, кои имаат потреба од помош и поддршка во нивниот дом.

Лазар Петров, градоначалничка на Општина Демир Капија

Видеото е продукција на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ кој го реализира Ептиса во соработка со КАРЕ, со финансиска поддршка од ЕУ, а краен корисник е Министерството за труд и социјална политика. Содржините во видеото се одговорност на Ептиса и на партнерите, и не секогаш ги рефлектираат ставовите на Европската Унија.