Инфо-ден со грантисти давателите на социјални услуги за процесот на лиценцирање

Денеска, преку комуникациската платформа Зум, во соработка со Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се одржа инфо-ден за грантистите од проектот за Подобрување на социјалните услуги, финансиран од Светска Банка.

Грантистите, даватели на социјални услуги (помош и нега во домот, лична асистенција, услуги на дневен престој, и др.) ги споделија досега преземените активности кон процесот на лиценцирање согласно подзаконските акти.

Проект „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ го поддржува процесот и ќе ги обучува грантистите во голем број на области важни за социјалната услуга.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја искажа поддршката на Министерстовото во процесот на градење капацитети и лиценцирање на давателите на социјалните услуги во заедницата.

Тим лидерката на проектот, Мариа Маринаку, ги презентираше можностите кои ги нуди проектот, во делот на градење на квалитетни услуги и персонал, како и можностите за размена на добри практики од Литванија.

Саше Јованов, нашиот помлад експерт, го презентираше процесот на лиценцирање.

Проектот, во соработка со МТСП, ќе овозможи градење на капацитетите на дваесетина грантисти, давателите на социјални услуги, а ќе им овозможи и учество на виртуелната студиска посета на Центарот за рехабилитација Валакупиаи во Литванија. Најважно, проектот ќе обезбеди директна поддршка, како техничка помош, за комплетирање на целосното досие за лиценцирање на пет (5) организации даватели на социјална помош, за да можат успешно да аплицираат пред комисијата за лиценцирање при Министерството за труд и социјална политика.