Обуки

Наставен модул 5:
Професионална рехабилитација и вработување на лица со попреченост

Организирано во соработка со Заводот за социјални дејности

Цел на обуката

Промовирање на работно интергацискиот процес преку професионалната рехабилитација и вработување на лица со попреченост,  да обезбеди пристап до социјалните услуги, да се зголеми бројт на вработени лица и нивно вклучување во заедницата, наспроти социјалното исклучување. Конкретни цели на обуката:

  • Да се зајакнат капацитетите на професионалците и Организациите на граѓанското општество преку запознавање на процесот на Професионалната рехабилитација;
  • Запознавање со методите и механизмите на имплементација.

Вештини што треба да се развијат

  • Стекнување знаења и вештини за практична примена на моделот на Професионална рехабилитација, кариерно советување и планирање, како и насочување на лицата со попреченост и други ранливи категории ;
  • Стекнување знаења за нивно успешно интегрирање на пазарот на труд, а со тоа и нивна инклузија во заедницата ;
  • Стекнување знења за методите и механизмите на имплементација (како да се стекне консензус меѓу спроведувачите на политиките и да им помогне да ги раберат различните перспективи во рамките на заедницата за имплементација).

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Обучувач

Стојан Андонов

Експерт со над 40 годишно искуство насочено кон промовирање и унапредување на здравјето и благосостојбата на клиентите, преку примена на разновидни активности-окупации, фокусирани на нивната личност, занимање, интереси за работа, комуникација со животната средина и општеството, професионална ориентација, функционирање во локалните заедници, а во некои случаи и комбинација од сите овие за да се зајакне професионалниот развој и учество. Располага со искуства од рехабилитација и здравствената заштита, која се фокусира на помагање на лицата од сите возрасти да се вклучат во извршувањето на  активностите од секојдневно живеење, зголемување на продуктивноста и користење на слободното време. Поседува знаење и вештини за спроведување проценка и третман на лица со кои се лимитирани од физичка повреда или болест, психосоцијална дисфункција, развојни проблеми, тешкотии во учењето или процес на стареење, преку употреба на наменски активности-окупации, прилагодлива опрема и технологија со цел да им се зголеми независноста, да се спречи или намали инвалидноста и здравствените проблемите.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси