Зголемување на свесноста, знаењата, вештините и способностите за следење и оценување при давање на социјалните услуги и услуги во заедницата и запознавање со институционалната поставеност за вршење на следењето и оценувањето на сите нивоа преку дефинирање на правата и обврските на сите засегнати страни на локално и централно ниво. Конкретни цели на учењето:
- Поимите следење и оценување во давањето на социјалните услуги и услуги во заедницата и како може да придонесат за давање на висококвалитетни социјални услуги и услуги во заедницата;
- Да се стекнат знаења и способности за различните видови редовно следење и оценување за време на и после давањето на социјалните услуги и услуги во заедницата;
- Институционалната поставеност во вршењето следење и оценување преку дефинирање на клучните засегнати страни вклучени во вршењето на следење и оценување на централно и локално ниво. (права, обврски и делокруг на интервенции)