Да се зајакнат знаењата, вештините и способностите за значењето и важноста на осмислување и испорачување на квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата и како активностите за следење и оценување може да ги поддржат овие процеси. Конкретни цели на учењето:
- Квалитетот на социјалните услуги и услуги во заедницата, во поглед на:
- Квалитетот, како на содржината и на процесите;
- Степенот на задоволство на корисниците и нивните семејства;
- Усогласеност и сообразност на социјалните услуги и услуги во заедницата со стандардите за квалитет;
- Индивидуализирање на услугите според потребите на корисникот; и
- Расположливост на соодветни и достаточни ресурси (кадровски, материјални и финансиски).
- Целите и начелата на организирањето и давањето на квалитетни социјални услуги и услуги во заедницата согласно техничките и функционалните стандарди за различните социјални услуги и услуги во заедницата што се достапни во Северна Македонија и земјите членки на ЕУ;
- Да се стекнат информации за важноста на квалитетот на социјалните услуги и услуги во заедницата;
- Методите и алатките за оценување на квалитетот на социјалните услуги и мерење на задоволството на корисниците од услугите (процеси и исходи).