Наташа е дипломиран социјален работник со долгогодишно искуство во системот за социјална заштита, социјалната работа во заедниците, социјална работа со ранливи категории и групи во социјален ризик и прашања поврзани со еднаквите можности. Активно е вклучена во реформите во системот за социјална заштита, како техничка поддршка и обучувач во спроведувањето на методот на интегрирано водење случаи во центрите за социјална работа. Исто така, има голем интерес за: социјалната правда и човековите права, заштитата на децата, повеќедимензионалната сиромаштија, помагање на ранливото население преку пракса, знаењa и искуствa во социјалната работа.