Обуки

Наставен модул 9:
Мапирање на локални социјални услуги и потреби на корисниците

Цел на обуката

Да се зајакнат капацитетите на надлежните институции во општините (вклучително и на единиците на локалната самоуправа) да ја идентификуваат моменталната демографска структура на граѓаните и да ги мапираат социо-економските потешкотии со кои се соочуваат. Во овој контекст, обуката ќе обезбеди информации за тоа како да се анализира локалната ситуација, да се собираат достапните податоци од официјалните статистички извори, да се собираат достапните податоци од административните извори, да се собираат достапните информации од граѓанските здруженија, разговорите со експертите и фокусните групи, како и истите да се обработат за да се овозможи создавање и спроведување на локални политики, програми и мерки на полето на социјална заштита. Секој од чекорите ќе се заснова на процената на капацитетите / ресурсите и потребите на локалната заедница, идентификуваните ранливи групи и нивните потреби, достапните услуги и осмислување на нови соодветни услуги на локално ниво.

Вештини што треба да се развијат

  • Идентификување и приоретизирање на ранливите групи граѓани, нивните потреби и ресурси на локално ниво;
  • Употреба на неколку методи за собирање на различните видови податоци и нивно организирање на локално ниво;
  • Анализа и статистичка обработка на собраните податоци на локално ниво;
  • Утврдување на поврзаност помеѓу собраните податоци и поставување на показателите за квалитет;
  • Препознавање на постојните ресурси на локално ниво за задоволување на потребите на ранливите групи граѓани на локално ниво;
  • Согледување на можноста за развој на нови услугите во заедницата по принцип на градење на приоритети (во поглед на можности и потреби) на локално ниво.
  • Развој на нови услуги во заедницата согласно законски пропишаните процедури на локално ниво.

Вештини што треба да се развијат

Обучувач

Билјана Дуковска

Експертка со над 15-годишно искуство во граѓанскиот сектор, каде што се застапува за учесништво на различните ранливи групи и изработка заедно со нив на препораки за политики, првенствено за искоренување на сиромаштијата, социоекономски прашања, одржливост и општествен развој.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси