Обуки

Наставен модул 11:
Лиценцирање на давателите на социјалните услуги

Цел на обуката

Да се зајакне капацитетот на јавните и приватните даватели на социјалните услуги за подготовка и обезбедување на неопходната документација за добивање лиценца за вршење работи на социјална заштита согласно законските обврски од член 163 и 167 од Законот за социјална заштита. Во тој контекст, јавните и приватните даватели на социјалните услуги ќе ги изградат своите капацитети за правилно толкување и примена на правилниците и поблиску пропишаните услови и критериуми за лиценцирање.

Вештини што треба да се развијат

  • Зајакнати капацитети и вештини за правилно толкување на документацијата што е потребна за процесот на лиценцирање, вклучително и образецот на пријавата за стекнување лиценца за вршење на работи на социјална заштита и начинот и постапката за издавање и одземање на лиценцата за вршење работи на социјална заштита;
  • Зајакнување на капацитетите и вештините за подготовка на извештаи за обезбедениот простор, опрема и стручен кадар согласно нормите и стандарди за исполнување на условите за започнување со работа и давањето на специфични услуги;
  • Зајакнување на капацитетите и вештините за изработка на работна програма со начини за давање на социјалните услуги и работа во недискриминаторна средина;
  • Зајакнување на капацитетите и вештините за изработка на годишен план за обезбедување финансиски и материјални средства за давање на социјалните услуги;
  • Зајакнување на капацитетите и вештините за изработка на внатрешни процедури за оценување на дадените услуги и за оценување на задоволството на корисниците, согласно нормите и стандардите за давање на услугите.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Обучувач

Саше Јованов

Експерт и активист со 15-годишно искуство во управување проекти, спроведување обуки, социјални услуги и политики на локално ниво (стари лица, лица со попреченост, лица со деменција, алцхајмерова болест и мултипла склероза); а има искуство и со програми за специјално образование за возрасни и протоколи за минимум стандарди за професионална помош и нега во домот.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси