Обуки

Наставен модул 6:
Изработка на индивидуални планови за социјалните услуги

Организирано во соработка со Заводот за социјални дејности

Цел на обуката

Да се зајакнат капацитетите на стручните работници кои работат во системот на социјална заштита и другите засегнати страни на локално ниво за изработка на индивидуални планови согласно со потребите на корисникот на услугите.

Вештини што треба да се развијат

  • Разбирање на методот на планирање на грижата, од фокусирање врз индивидуата до изработка на индивидуализиран план ;
  • Разбирање и учење на начелата за осмислување на услугите ;
  • Разбирање на главните чекори што треба да се преземат за да се изработи индивидуален план;
  • Зајакнување на капацитетите и вештините за планирање на процесите на грижа и поддршка и запознавање на улогите и обврските на вклучените засегнати страни;
  • Зајакнување на капацитетите за следење на индивидуалните планови со цел да се научи дека планирањето е непрекинат процес, а не исход;
  • Оспособување за изготвување и работа со плановите за грижа.

Дополнителни информации

Обучувач

Моника Габањи

Експертка со над 25-годишно професионално искуство и работа на управување проекти, развивање системи за социјална и здравствена заштита, спроведување обуки и градење капацитети во области како што се долгорочно згрижување / социјално вклучување / давање интегрирани услуги во заедница за поддршка на лица со ментална и физичка попреченост и на стари лица.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси