Обуки

Наставен модул 7:
Иновациja во социјалните услуги во заедницата

Организирано во соработка со Заводот за социјални дејности и проектот OASIS

Цел на обуката

Да се зајакне знаењето и разбирањето на социјалните професионалци за основните принципи на иновации во социјалните услуги во заедницата, (деца, млади и возрасни со попреченост во дневен престој, домашна грижа за стари лица, услуги за советување и поддршка на Центрите за социјална работа).
Обуката ќе им обезбеди на учесниците вештини и компетенции, алатки и методи за развој на нови иновативни услуги и активности во социјалните услуги и на отворено засновани на персонализација, групна работа и ангажман во семејството и заедницата.

Вештини што треба да се развијат

  • Капацитет за развој и имплементација на различни техники и методи за активирање на корисниците во различни активности во затворен и отворен простор на локално ниво (презентација на различни најдобри практики од Европа и ОК)
  • Вештини и методи за ангажирање на ресурсите на заедницата, градење партнерства, подобрување на учеството на локално ниво
  • Способност и вештини за развој на иновативни активности погодни за различни групи корисници.

Дополнителни информации

Обучувачи

Мариа Маринаку

Експертка со над 25-годишно професионално искуство и работа на управување проекти, спроведување обуки и градење капацитети во области како што се социјално вклучување / попреченост / активација / социјална работа / социјални услуги и осмислување на социјални политики.

Јана Јанева

Социјален работник со 13 годишно професионално искуство во работа со стари лица и лица со попреченост, спроведување на обуки за негуватели и лични асистенти, креирање политики, организирање и воспоставување на социјални услуги.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси