Обуки

Наставен модул 8:
Развој на социјални услуги за стари лица и долгорочна грижа

Организирано во соработка со Заводот за социјални дејности

Цел на обуката

Да се изградат вештините и способностите на стручните работници за социјална заштита за системски приод во осмислувањето на долгорочната грижа за стари лица и лица со попреченост со фокус врз згрижување во заедницата, претежно помош и нега во домот. Примери од Германија и ЕУ.

Стручните работници за социјална заштита ќе научат:

  • За намалување на општиот ризик и сиромаштијата кај одредени групи и нивните конкретни промени во општеството и ќе станат свесни за проширениот приод со кој се дефинираат потребите – физички и психосоцијални;
  • Ќе се запознаат со поимот на парична помош, алатки за процена на квалификуваноста, социјални пакети, опсегот на услугите и давањето на услугите;
  • Ќе научат како се позиционираат на пазарот јавните и приватните даватели на социјалните услуги;
  • Ќе се запознаат со улогата на неформалната грижа и целиот систем и механизми за тоа како да се поттикне поддршката од семејството и соседството преку финансиски средства, пензиски фондови и дотации за придонеси, обуки за осигурување квалитет и услуги на одмена за лица кои даваат неформална грижа;
  • Ќе ги научат основните елементи на изработката на индивидуални планови кои произлегуваат од постапката за процена, и потребата да се постигне таргетот договорен меѓу корисникот, семејството и стручните работници.

Вештини што треба да се развијат

  • Да се разбере системот на долгорочна грижа;
  • Да се запознаат со постапката и како да се стане квалификуван за услугите, пакети на услуги, и даватели на услуги во смисла на нивните барања за акредитација и нивниот пласман на пазарот;
  • Да се разбере можноста за избор на видот и содржината на пакетот услуги и локацијата каде да се добие услугата;
  • Да се разбере улогата на лицата за неформална грижа во системот и како да се стимулира нивната мотивација;
  • Да се научат елементите на планирањето на содржината и приодот насочен кон таргети.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Обучувач

Моника Габањи

Експертка со над 25-годишно професионално искуство и работа на управување проекти, развивање системи за социјална и здравствена заштита, спроведување обуки и градење капацитети во области како што се долгорочно згрижување / социјално вклучување / давање интегрирани услуги во заедница за поддршка на лица со ментална и физичка попреченост и на стари лица.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси