Да се зајакнат капацитетите на надлежните институции во општините (вклучително и единиците на локална самоуправа) за изработка на социјални планови на локално ниво, согласно законските обврски од член 142 од Законот за социјална заштита. Со обуката ќе се зајакнат капацитетите на локално ниво да презема водечка улога во развојот на локалните системи на социјални услуги преку локални иницијативи и меѓусекторска соработка.