Обуки

Наставен модул 4:
Лично планирање за вработување на лица со попреченост и други ранливи групи
(Од Окупациона Терапија до вработување)

Организирано во соработка со Заводот за социјални дејности

Цел на обуката

Да се намали јазот помеѓу долгорочната невработеност и пазарот на трудот за лицата со пореченост а со тоа и борба против нивно социјално исклучување. Да обезбеди пристапот до социјалните услуги во заедницата и да се намали бројот на лица сместени во резиденцијалние установи. Конкретни цели на обуката:

  • Да се зајакнат капацитетите на Организациите на граѓанското општество со цел да бидат способни да обезбедат активности за зголемување на вештините за вработување на лицата со попреченост и други ранливи категории;
  • Да се создаде систем на континуирана поддршка за потребите за вработување на лицата со попреченост.

Вештини што треба да се развијат

  • Стекнување знаења, вештини и компетенции за окупациона терапија (концепт на окупациона терапија, рамка на окупациона ерапија, димензии на окупациона терапија, видови окупациони сервиси, окупациона терапија во локална заедница и работно ориентирана окупациона терапија);
  • Стекнување знаења со работно интеграцискиот процес на лицата со попреченост (изработка на тестови, мерења подготовка на корисникот пред и после вработување, адаптација, подготовка на работниот колектив, следење на корисникот за време на работно интегрирање на пазарот на труд, негово насочување и водење) пред и за време на вработувањето;
  • Стекнување знаења и информации за видови на работни активности во кои можат да се вклучат лицата со попреченост (алатки за развој на планови за создавање долгорочно и одржливо партнерство помеѓу граѓанското општество и бизнис-секторот, подобрување на ефикасноста на соработка помеѓу НВО и приватните служби за вработување. НВО oрганизациите и нивните професионалци да развијат рботни планови за професионално ориентирана терапија и социјално претприемништво).

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Обучувач

Стојан Андонов

Експерт со над 40 годишно искуство насочено кон промовирање и унапредување на здравјето и благосостојбата на клиентите, преку примена на разновидни активности-окупации, фокусирани на нивната личност, занимање, интереси за работа, комуникација со животната средина и општеството, професионална ориентација, функционирање во локалните заедници, а во некои случаи и комбинација од сите овие за да се зајакне професионалниот развој и учество. Располага со искуства од рехабилитација и здравствената заштита, која се фокусира на помагање на лицата од сите возрасти да се вклучат во извршувањето на  активностите од секојдневно живеење, зголемување на продуктивноста и користење на слободното време. Поседува знаење и вештини за спроведување проценка и третман на лица со кои се лимитирани од физичка повреда или болест, психосоцијална дисфункција, развојни проблеми, тешкотии во учењето или процес на стареење, преку употреба на наменски активности-окупации, прилагодлива опрема и технологија со цел да им се зголеми независноста, да се спречи или намали инвалидноста и здравствените проблемите.

Видеа од обуката

Тренинг ресурси