Тркалезна маса „Трансформирање на општеството: Заедница за сите“ – втор ден
Вториот ден од тркалезната маса „Трансфомирање на општеството: Заедница за сите“, организирана по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, беше посветен на новите даватели на услуги, како и на улогата на локалната самоуправа и на граѓанските организации во давањето социјални услуги во заедницата.
На настанот говореа Софија Спасовска, помошник-раководителка на Секторот за социјална заштита, Министерство за труд и социјална политика, Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола, Лазар Петров, градоначалник на Општина Демир Капија, Марија Маринаку, тим-лидерка, и Билјана Дуковска, постар експерт за социјална заштита, од Проектот за поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги (ЕПТИСА), Горан Петрушев, специјален едукатор и рехабилитатор, и Теа Тевева, проектна асистентка, од проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка“ (ЦеПроСАРД), Али Мисими, проектен менаџер на проектот „Добивање живот – деинституционализација на корисниците на Специјалниот завод Демир Капија“ (ПИН) и Сашко Јованов, проектен менаџер, и Кристина Василеска, од проектот Поддржано живеење во заедницата во Демир Капија (КМОП).
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022