Обука: Вовед во мониторинг и евалуација
Денеска, преку платформата Зум, се одржа првата од серијата обуки за градење на капацитетите на социјалните професионалци и даватели на социјални услуги. На обуката присуствуваа 88 учесници, претставници од Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, дневни центри, СОС Детско село, приватни даватели на социјални услуги и специјализирани институции.
Обуката „Вовед во мониторинг и евалуација“, организирана во соработка со Заводот за социјални дејност, е пост-квалификациска обука за социјални професионалци со долгогодишно работно искуство.
Александра Георгиевска, обучувач, преку две лекции и една работна задача низ обуката ги опфатени следниве теми:
- Дефиниции за мониторинг и евалуација
- Цели и задачи на мониторинг и евалуација
- Видови на мониторинг и евалуација
- Главни засегнати страни во испорака на двата процеса
- Презентација на новата институционална поставеност во испорака на мониторинг и евалуација.
- Процес на спроведување на мониторинг и евалуација по нивоа.
Обуката е дизајниран на начин кој ќе им овозможи на учесниците пред се да стекнат теоретски знаења но и да стекнат практични вештини и знаења за соодветна примена на мониторингот и евалуацијата врз квалитетот на социјалните услуги. Преку практичната задача учесниците ги дефинираа нивоата на мониторинг и евалуација (внатрешен и надворешен) за социјалните услуги кои истите ги даваат.
Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. За да имаат пристап, заинтересираните треба да се регистрираат.
За сите известувања следете не на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022