Регионални и глобални размислувања за отчетноста на граѓанските организации на Балканот
Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН), на 1 јули 2021 година, одржа регионална работилница за отчетност на граѓански организации (ГО), насловена: „Размислувања за саморегулацијата на граѓанското општество преку споделување на регионални и глобални искуства“. Настанот го следеа повеќе од 60 претставници на ГО од Балканот и целиот свет, кои виртуелно дискутираа и споделија примери на практики за отчетност на ГО и механизми за самооценување. Работилницата имаше за цел да ја подигне свеста кај ГО во регионот за клучните принципи, можности и предизвици што треба да ги земат предвид при развивање и спроведување на механизмите за саморегулација кои ќе придонесат кон зголемување на нивната ефективност, одговорност и кредибилитет.
Марија Маринаку, проектен тим лидер во Ептиса, се осврна на тоа како механизмите за само-оценка можат да придонесат кон подобрување на квалитетот на социјалните услуги кои ги обезбедуваат ГО. Покрај глобалните димензии во однос на механизмите за само-оценка, Маринаку се фокусираше и на македонскиот процес, како и синергијата, конвергенцијата и комплементарноста на овие два процеси. Таа особено истакна дека покрај тоа што отчетноста на ГО е тесно поврзана и со определени законски обврски за известување кои доаѓаат од надворешни чинител, таа исто така е поврзана и со потребата од демонстрирање на отчетност спрема поединците, особено кога конституентите на ГО се членови на маргинализирани групи на заедници.
Настанот се заокруши со осврт на албанскиот и за македонскиот контекст за потребата од стимулации на граѓанското општество во процесите на саморегулација. Беше истакнато дека овие процеси бараат време, и скапа вежба која бара знаење, поддршка и признавање на национално или меѓународно ниво.
Извор: Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН)
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022