Четврта работилница за пилотирање на системот за мониторинг и евалуација
Денеска се оддржа четвртата работилница за подготовка и водење евиденција за испорачана услуга по корисник на неделна основа. Присуствуваа 20 негуватели, лични асистенти, лица за грижа и координаторите на услугите од селектираните даватели на услуги вклучени во пилотирањето на системот за мониторинг и евалуација Инклузива-Inkluziva Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес На работилница беше презентирана содржината на неделниот извештај но и техничкиот начин на пополнување на онлине алатките за известување. Воедно учесниците имаа можност да ги споделат нивните искуства и начини на кои досега воделе евиденција за испорачана услуга по корисник на неделно ниво.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022