Мониторинг и евалуација на социјалните услуги – Податоци: видови, проток, процес на собирање и известување
Третиот состанок за воспоставување на ефикасен систем на мониторинг и евалуација на испораката на социјалните услуги во заедницата за лица со попреченост е посветен на податоците кои треба да се приберат, како и протокот на податоци меѓу институциите, процесот на прибирање и известување.
Учествуваат педесетина претставници од Министерството за труд и социјална политика, Делегацијата на ЕУ во Скопје, Завод за социјални дејности, центри за социјална работа, даватели на социјални услуги во заедницата (јавни и приватни) и проектниот тим на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“.
Марија Маринаку, проектен тим лидер смета дека управување со податоци е фабрика на знаење за процесот на мониторинг и евалуација. „Затоа што преку овој процес, како ги собираме подтоците, како се поврзуваме и како управуваме со податоците што ни се потребни за следење и евалуација, се здобиваме со знаење што ни треба за да ги разбереме реалностите на терен, со цел да донесеме информирани одлуки за политиките. Значи, процесот на управување со податоците е столбот на следењето и евалуацијата.“ нагласи Маринаку.
Александра Георгиевска, експертка вклучена во изработката на архитектурата на моделот за мониторинг и евалуација го објасни процесот „Најпрво се фокусиравме на видови податоци кои што се потребни за целокупниот систем на мониторинг и евалуација. Видовите на податоци соодветствуваат со видовите на индикатори, и според логиката на нештата, ги групиравме на ист начин.“ Експертката Михаела Стоичици Варлан нагласи: Собирањето податоци е за тоа како ги собираме податоците, колку често и што подразбира процесот. Треба да ги идентификуваме и дефинираме податоците што ни требаат со цел да обезбедиме квалитет на испорачаните процеси, активности, социјални услуги.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022