Обука: Изработка на индивидуални планови за социјални услуги
Со учество на повеќе од осумдесет социјални професионалци, јавни и приватни даватели на социјални услуги за дневна и домашна нега, претставници од центри за рехабилитација, Заводот за социјални дејности, центри за социјална работа, грантисти на проект на МТСП и други, со денешната обука „Изработка на индивидуални планови за социјални услуги“ заврши пролетната серија обуки за градење на капацитетите на социјалните професионалци. Обуките продолжуваат на есен.
Обучувачот Моника Габањи ги претстави концептите и методите за изработка на индивидуалните планови, од планови во чиешто средиште е лицето до индивидуализиран план за нега, како и главните чекори што треба да се преземат за да се изработи индивидуален план. Фокусот на втората сесија од обуката беше ставен на фазите и инструментите за изработка на индивидуалните планови за грижа во заедницата, како и спроведување и процес на последователно следење.
Учесниците, преку работа во групи, учествуваа во практички вежби за идентификација на основите, начелата и клучните особености за изработка на планови во чиешто средиште е лицето и главните чекори што треба да се преземат за да се изработи индивидуален план, како и во размената на идеи и предлози како да се поттикне и оптимизира изработката на индивидуалните планови кај нас.
Обуката „ Изработка на индивидуални планови за социјални услуги“, организирана во соработка со Заводот за социјални дејност, е пост-квалификациска обука за социјални професионалци со долгогодишно работно искуство.
Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. Видеата и материјалите од претходните обуки ќе ги најдете во категоријата Видео обуки. За пристап до материјалите заинтересираните треба да се регистрираат.
За сите известувања следете не на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022