Шеста работилница во процесто на пилотирање на системот за миноторинг и евалуација
Денеска се одржа шестата работилница со координаторите на трите лиценцирани даватели на социјални услуги Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица, Инклузива Куманово и Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.
Експертот за информатички технологии им ги претставина координаторите администраторските права и начинот на кој можат и треба да управуваат со податоците добиени од страна на негувателите/асистенти/лица за нега, на неделна и месечна основа.
Детално се рагледаа и ревидираните обрасци за известување, запознавање со дополнителните елементи, но и информирање за деловите кои се отстранети, со цел да се олесни прибирањето на податоци и известувањето. Беше нагласена важноста и функционалноста на месечниот извештај по корисник, како и дополнување на извештајот со финансиските елементи според кои давателите на услуги ќе ги прават месечните фактури по корисник.
Заеднички заклучивме дека е неопходно редовно и соодветно да се внесуваат податоци на неделна основа од страна на негувателите за да може на крајот од месецот да се направат квалитетни анализи од кои ќе имаат корист: координаторите кај давателите на услуги, претставниците од центрите за социјална работа на локално ниво, Заводот за социјални дејности и Министерството за труд и социјална политика.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022