Воспоставување архитектура за мониторинг и евалуација на социјалните услуги
На првиот од серијата состаноци посветени на воспоставувањето на ефикасен систем на набљудување и оцена на испораката на социјалните услуги во заедницата за лица со попреченоста, проектот ја претстави предлогот архитектурата за мониторинг и евалуација. На состанокот учествуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Делегацијата на ЕУ во Скопје, Заводот за социјални дејности, центрите за социјална работа, даватели на социјални услуги во заедницата (јавни и приватни).
“Ова е резултат на многу систематска и посветена работа од сите нас, проектниот тим и партнерите, во изминатава година. Како што вели Маја Ангелу, фактите и вистината можат да бидат многу далечни едни од други. Успешниот систем за следење и проценка ќе ни овозможи да собираме и мериме факти со цел да дојдеме до вистината.“ нагласи Марија Маринакоу, тим лидер на проектот.
Според неа, континуираното набљудување и оценат ќе овозможат подобрување на социјалните услуги во заедницата, носење информирани одлуки за социјалните политика и секако подобрување на секојдневното искуство на корисниците на услуги, поблиско до нивните потреби и нивните очекувања.
Соред Нафи Сарачини, претставник на Делегацијата на ЕУ, во Македонија сме многу успешни во воспоставување на системите, меѓутоа кога се работи за мониторирање, евалуирање, односно кога се работи за оценување за тоа што сме го воспоставиле, секогаш покажуваме многу слабости. „Во оваа област правиме големи чекори во проширување на системот на даватели на социјални услуги, и од клучно значење е да имаме добар мониторинг систем, кој ќе ги оценува работите и ќе овозможи одреден стандард и одржливост на услугите.“ нагласи Сарачини.
Министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, смета дека е многу важно да се воспостават индикатори со кои што ќе се мери успешноста како социјалната реформа се имплементира. Треба да ги градиме заеднички, но треба да го мериме задоволството на примателите на социјалните услуги. Потребно е да знаеме до каде сме во процесот и кои се слабостите кои ќе произлезат од спроведување социјални услуги на локално ниво.
Михаела Стоичици Варлан, една од проектните експерти вкучени во подготовката на архитектурата за мониторинг и евалуација, нагласи дека системот е предиден така да им помогне на луѓето вклучени во обезбедувањето социјални услуги и во социјалната заштита да додадат вредности во нивната секојдневна работа, а при тоа истиот да не стане процес на оптоварување и да придонесе за зголемена ефикасност на испорачаните социјални услуги. Тој треба да биде флексибилен и лесен за прилагодување на променливите контексти. Според Стоичици Варлан протокот на податоците кои треба да разменуваат помеѓу различните нивоа на системот за мониторинг и евалуација треба да е од долу нагоре, од местото каде што се собираат (локални / даватели на услуги / ниво на социјални услуги) до сите релевантни субјекти на национално ниво, но исто така и од горе надолу, од националните институции до локалните даватели на услуги.
Александра Георгиевска, експертка во проектот, нагласи дека клучен аспект во спроведувањето на системот на индикатори, како компонента на механизмот/системот за мониторинг и евалуација е унитарното разбирање, од сите вклучени засегнати страни, за тоа и кои се принципите за квалитет, кои се индикаторите, кои се најрелевантните видови индикатори што треба да се користат за социјалните услуги поставени во заедницата за лица со попреченоста. „Треба да се собираат податоци поврзани со вложувања и постигнувања, прилагодени за секој вид социјални услуги, податоци поврзани со резултатите и влијанието што треба да се користат за периодично мерење и проценка на квалитетот на социјалните услуги и влијанието со мерење на ефикасноста, ефективноста, задоволството на корисниците и податоци во врска со квалитетот на социјалните услуги засновани на минимални стандарди што се применуваат за секој вид социјална услуга, вклучувајќи инфраструктура на квалитет на услуги, квалитет на процеси, испорака на услуги, ниво на задоволство за корисниците, нивните семејства и заедници.“ смета Георгиевска.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022