Обука: Развој на социјални услуги за стари лица и долгорочна грижа
Седумдесетина учесници, претставници од јавни и приватни даватели на грижа во домот, центри за рехабилитација, институции и центри за социјална грижа, како и грантисти на проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, зедоа активно учество на обуката „ Развој на социјални услуги за стари лица и долгорочна грижа“.
Со оваа обука продолжува серијата пост-квалификациски обуки за социјални професионалци, организирани во соработка со Заводот за социјални дејности.
Обучувачот, Моника Габањи, ги презентираше можностите за развој на социјалните услуги за стари лица и долгорочната грижа преку примери на веќе воспоставени системи во Германија, Јапонија и Словенија.
Учесниците, преку работа во групи, споделуваа искуства за неодамна воведените инструменти за проценка, како и за опциите и последователните промени во сегашениот систем во однос на квалитет, проширување на пакетот придобивки и услуги, како и обработка со други даватели на услуги.
Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. Видеата и материјалите од претходните обуки ќе ги најдете во категоријата Видео обуки.
За пристап до материјалите заинтересираните треба да се регистрираат.
За сите известувања следете не на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022