Обука: Иновација во социјалните услуги во заедницат
Во соработка со проектот „Поддржување на процесот на преселба на лицата со интелектуална попреченост од институцијата во Демир Капија во станбени единици за поддржано живеење – ОАСИС“ денеска ја организиравме обуката „Иновациија во социјалните услуги во заедницата“.
Повеќе од 80 учесници, јавни и приватни даватели на услуги во домашна нега, дневни центри, специјални заводи, центри за рехабилитација, центри за социјална работа, Заводот за социјални работи, добитници на проектот МТСП ССИП; присуствуваа на онлајн обуката преку платформата ZOOM. Тие имаа можност да ги изградат своите вештини, разбирање и капацитети за иновативни социјални услуги во заедницата релевантни за пристап насочен кон личноста, резултати базирани на докази и континуитет на услугата.
Видеата и материјалите од обуката можете да ги најдете на следниот линк https://socialservicesplatform.eu/training-module-7-innovative-day-care-services/
Видеата и материјалите од претходните обуки ќе ги најдете во категоријата Видео обуки. За пристап до материјалите заинтересираните треба да се регистрираат.
За сите известувања следете не на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022