Обука: Квалитетот на социјалната услуга за помош и нега во домот и долгорочна грижа
Повеќе од 70 учесници, даватели на социјални услуги и социјални професионалци учествуваа на денешната онлајн обука „Квалитетот на социјалната услуга за помош и нега во домот и долгорочна грижа “.
Целта на обуката е да се изградат вештини за пристап кон квалитетна примена и користење на принципи и заеднички стандарди за квалитет на ниво на ЕУ, како и воспоставување функционална врска помеѓу овие елементи при спроведувањето на социјалните услуги.
Обучувачот Моника Габањи го претстави начелата и европските заеднички стандарди за квалитет, а во втората сесија се задржа на дефиницијата и специфичностите на квалитет на услугите во домот и услуги за долготрајна, главните трендови и управувачката структура за квалитет согласно моделот E-Qalin.
Учесниците, преку практична работа, во првата вежба има можност да идентификуваат кои дефинираните начела и опишаните критериуми се опфатени, а кои не се опфатени во нивниот систем на работа.
Во втората работна задача, во групи, учесниците разговараа за опциите и последователните промени во сегашниот систем во однос на: воведување одредени елементи за подобрување на квалитетот во нивните организации, одредување минимални барања, соработка со корисниците и нивните семејства и др.
Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. За да имаат пристап до материјалите, заинтересираните треба да се регистрираат.
За сите известувања следете не на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022