Теренска посета на лиценцираните даватели на социјални услуги – партнери во пилотирањето на просецот на мониторинг и евалуација на социјалните услуги
Проектниот тим ги оствари првите посети на терен, на лиценцираните даватели на социјални услуги, вклучени во пилотирањето на просецот на мониторинг и евалуација: Здружението Инклузива од Куманово, како давател на услугата лична асистенција на лица со попреченост, Здружението за лица со церебрална парализа од Велес, лиценциран давател на услугата живеење со поддршка и Црвениот крст на РСМ – Општинска Организација Струмица, како давател на услугата помош и нега во домот. Беше потпишано писмо за соработка и поддршка со сите организации како рамноправни партнери во процесот на пилотирање.
Теренските посети се дел од првиот циклус обезбедување директна поддршка на лиценцирани даватели на социјални услуги во воспоставувањето стандардизирани практики за спроведување на мониторинг и евалуација на социјалните услуги.
Со партнерите се дискутираше севкупниот процес на пилотирање, запознавање со процесите согласно видовите на извештаи кои треба да се подготвуваат од страна на давателите на социјалните услуги, протокот на податоци од ниво на даватели на социјални услуги до локалните Центри за социјална работа и на национално ниво до ЈУ Завод за Социјални Дејности, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за лиценцирање. Тимот обезбеди поддршка и појаснување за содржината, видовите индикатори (квалитативни и квантитативни) кои треба да се собираат на месечна основа. . Воедно беа презентирани позитивните аспекти и бенефиции од воспоставување на дигитален систем за известување.
Тимот исто така оствари средба и со меснонадлежните центри за социјална работа во Струмица, Велес и Куманово кои ќе биде вклучен во процесот на пилотирање. Центрите за социјална работа на локално ниво се клучните засегнати страни кои ќе бидат директно вклучени во спроведување на мониторингот врз социјалните услуги испорачани од давателите на социјалните услуги.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022