Започнува процесот на пилотирање и тестирање на алатките за мониторинг и евалуација на социјалните услуги
Во напорите за модернизација на социјалните услуги, проектот “Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ започнува пилотирање на воспоставувањето стандардизирани практики за мониторинг и евалуација на социјалните услуги.
Во пилот фазата се вклучени избраните три лиценцирани даватели на социјални услуги, кои ги обезбедуваат услугите лична асистенција, помош и нега во домот и живеење со поддршка и дневна нега.
Процесот на пилотирање и тестирање на алатките за мониторинг и евалуација на социјални услуги и воспоставувањето на ефикасен систем за М&E на ниво на даватели на услуги ќе се спроведува на локално и национално ниво.
На првиот координативен состанок со избраните лиценцирани даватели на социјални услуги кои ќе бидат директно вклучени во процесот: Здружението Инклузива од Куманово како давател на услугата лична асистенција, Здружението за лица со церебрална парализа од Велес како давател на услугата живеење со поддршка и Црвен крст на РСМ – Општинска Организација Струмица како давател на услугата помош и нега во домот, се разговараше за фазите на пилотирање.
Пилотирањето ќе опфати дефинирање на институционалната поставеност за спроведување на мониторингот и евалуацијата на услугите, дефинирање на протокот на податоци и воспоставување на стандардизирани практики за редовен мониторинг и евалуација. Процесот ќе се реализира во три циклуси: прибирање и обработка на податоци и подготовка на неделни извештаи, на шестмесечен извештај и на годишен извештај. Во секоја од фазите на пилотирањето вклучените даватели на социјални услуги ќе имаат групна и индивидуална поддршка преку постојани онлајн консултации и посета на терен. На овој начин со заеднички напори на сите засегнати страни во системот на социјална заштита ќе работиме на обезбедување на квалитетни социјални услуги и квалитетен живот за корисниците т.е. лицата со попреченост и стари лица.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022