Институционална поставеност на идниот систем за мониторинг и евалуација на социјалните услуги

Четвртиот состанок за воспоставување на ефикасен систем на мониторинг и евалуација на испораката на социјалните услуги во заедницата за лица со попреченоста се одржа на 16 февруари 2020. Средба беше посветена на институционалната поставеност која треба да воспостави и имплементира ефикасен национален систем за мониторинг и евалуација на социјални услуги во заедницата, дефинирање на улоги, одговорности на различни актери/чинители, механизми и барања за известување.

Учествуваат повеќе од четириесет претставници од Министерството за труд и социјална политика, Делегацијата на ЕУ во Скопје, Завод за социјални дејности, центри за социјална работа, даватели на социјални услуги во заедницата (јавни и приватни) и проектниот тим на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“

„Разговараме за институционалната поставеност, во однос на структурите, улогите и одговорностите на сите засегнати страни што треба да бидат вклучени, или се вклучени според наше мислење, во системот за следење и оценување … Морам да признаам дека се радувам на моментот кога не би имало потреба од следење и оценка. Зошто? Затоа што тоа е моментот кога човештвото ќе почне да живее и да постапува не според должности и обврски, туку според љубов, сочувство и грижа за другите. Со нетрпение го чекам моментот кога зборот „услуги“ ќе биде заменет со зборот „грижа“. Но, дотогаш, ние мора да правиме мониторинг и евалуација… Мониторингот и евалуацијата се практично процес на потсетување. Тоа е како потсетување на она што го направивме, како го правиме, кои се научените лекции“ истакна во своето почетно излагање проектната експертката Михаела Стоичици Варлан.

„Воспоставување на одделенија за мониторинг и евалуација под постојните структури (централно, локално, даватели на услуги), ќе ги зајакне капацитетите на постојните структури на сите нивоа поврзани со планирање и спроведување на набљудувањето и оценувањето на услугите. Од друга страна, ќе обезбеди подобри услови за обезбедување квалитетни социјални услуги, главно за лица со попреченост, но и за други ранливи групи“ нагласи Александра Георгиевска, експертка која во рамките на проектот учествуваше во подготовката на архитектурата за мониторинг и евалуација на социјалните услуги.

Експертите дадоа дополнителни предлози во врска со: формирање Совети на корисници во јавните и приватните даватели на услуги, вклучување на независниот механизам за мониторинг од Народниот правобранител и најважно, зајакнување на улогата на Центарот за социјална работа во обезбедувањето на мониторинг и евалуација. Овој процес бара заложби и фокус на постепено пренесување на одговорностите за внатрешен мониторинг и евалуација од Завод за социјални дејности на централно ниво на локално ниво на центрите за социјална работа.

Експертите, исто така, понудија и алтернативен модел, формирање Агенција за квалитет на социјалните услуги.

Повеќе документи: