Обука: Подготовка на годишен извештај за активности и извештај за внатрешен мониторинг и евалуација

Денешната обука за подготовка на годишен извештај за активности и извештај за внатрешен мониторинг и евалуација ја заокружи серијата четири обуки за следење и оценување на квалитетот на социјалните услуги, кои ги одржа Александра Георгиевска.

На обуката, која се одржа во соработка со Заводот за социјални дејности, учествуваа повеќе од шеесет социјални професионалци од земјава, а учество во обуката се смета во прилог на обновување на лиценца за работа за стручните работници во дејноста социјална заштита.

Во првата сесија, обучувачот Александра Георгиевска, ја претстави рамката за подготовка на годишен извештај за активности, содржината, целите и клучните елементи.

Втората сесија беше посветена на рамката за подготовка на извештај за внатрешен мониторинг и евалуација, содржината, целите и елементите на внатрешните извештаи за мониторинг и евалуација. Учесниците, преку вежби и практична работа имаа можност да работат на обрасци за годишен извештај и спроведување внатрешен мониторинг и евалуација.

Материјалите од обуката (видео и лекции) ќе бидат достапни наскоро за сите заинтересирани социјални професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења. За да имаат пристап до материјалите, заинтересираните треба да се регистрираат.

За сите известувања следете не на социјалните мрежи ФејсбукИнстаграм и Твитер.