Окупациона терапија во посебните училишта
Од 14 октомври, започнуваме серија обуки за „Окупациона терапија“ во пет специјални училишта за рехабилитација и образование на ученици со посебни образовни потреби.
Окупационата терапија на децата во посебните училишта им помага да ги развијат своите функционални вештини за секојдневен живот, имено грижата за себеси, животните вештини, работата во училиштето и играњето.
Целта на окупационата терапија во училишно окружување е да ги оспособи децата да станат што е можно повеќе независни (дома, на училиште, при играње) и при тоа да ги користат вештините што ќе си ги развијат. Ова може да се постигне преку:
• Унапредување на развојот на функционалните вештини, како што се:
– Вештини за самогрижа (на пр., самостојно да јадат, да се облекуваат)
– Координација
– Функциите на рацете (фини моторни вештини) – пишување со рака
– Перцепција (на пр., свесноста за сопственото тело и просторот, визуелна дискриминација)
• Проценување и советување за потребите од специјалистичка опрема, имено, за специјално седење, хранење (во соработка со јазичен и говорен терапевт, кога е потребно), за одење во тоалет, за дигање, поместување, бањање и сл.
Еднодневната обука за „Окупациона терапија во посебните училишта“ има за цел да им ги претстави на практичарите на социјалната заштита во посебните училишта теоретските и практичните алатки за окупациона терапија, со чија помош подобро ќе ги осмислуваат сеопфатните наставни програми персонализирани кон индивидуалните потреби на учениците.
Окупациона терапија кај адолесцентите
Адолесценцијата и онака е тежок период кога настануваат емоционални, физички и когнитивни промени кај младинците, а оваа потешкотија уште повеќе се усложнува кај младинците со попреченост.
Процена на потребите од движење и ракување кај децата/тинејџерите со попреченост.
• Употреба на техниките за сензорна интеграција и модулација што ќе им помогнат да се смират и организираат себеси, за да може да ја подобрат својата концентрација и со тоа поспособно да учествуваат во активностите.
• Окупационите терапевти исто така вршат процена и ги советуваат родителите да размислат какви приспособувања може да направат дома.
• Советување за посебни вештини и избор на вработување.
• Осмислување на програма со вежби и активности што ќе треба редовно да се прават на училиште и дома.
• Советување за стратегиите за минимизирање на ризикот за децата/тинејџерите со попреченост и негувателите при движење и ракување во соработка со воспитувачите од посебните училишта и другите терапевти.
• Давање општи совети што ќе може да се внесат во секојдневните животни активности дома и/или во наставните активности на училиште.
• Советување и демонстрирање на специјалната опрема.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022