Работилница за новинари – Попреченоста низ призмата на медиумите

Во пресрет на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а дел од напорите на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ да го подобри јавниот наратив длабоко вкоренет во нашата култура и рефлектиран во медиумското покривање, организиравме работилница „Попреченоста низ призмата на медиумите“ за новинари и ПР професионалци.

Луѓето со попреченост ретко се гледаат како поединци надвор од рамката на нивната попреченост. Долгогодишното изолирање и институционализирање на лицата со попреченост остави негативни и неточни верувања и ставови за тоа што значи да се живее со попреченост. Овие ставови се прифатени и рефлектирани од медиумското покривање, од кое голем дел се потпира на стари стереотипи и дезинформации. Лицата со попреченост ретко се присутни во медиумите, а кога се прикажуваат, тие често се несоодветно претставени, како предмет на сожалување, добротворни цели или медицински третмани кои треба да надминат трагична и оневозможувачка состојба или обратно, претставени како супер херои кои постигнале големи подвизи, за да ги инспирираат лицата што не се со попреченост.

Медиумите се витален инструмент за подигање на свеста, спротивставување на стигмата и дезинформациите. Во нив е силата да ги променат општествените заблуди и да ги претстави лицата со попреченост како индивидуи кои се дел од човековата различност. Со зголемување на свеста и разбирањето за прашањата за попреченост и различноста на лицата со попреченост и нивните ситуации, медиумите можат активно да придонесат за нивна успешна интеграција во сите аспекти на општествениот живот.

Настанот се одржа на 2 декември 2021 година во Еропската куќа во Скопје, со учество на Васко Попетревски, новинар/модератор, Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, тим лидерката Марија Маринаку како мотивациски говорник и две гости говорнички: Симона Јовевска од општина Битола и Марија. Апчевска, режисерка. Модераторот Васко Попетревски истакна дека работилницата е неформален собир, кој се надеваме дека ќе иницира релевантна дискусија и ќе одговори на некои деликатни прашања во врска со застапеноста и известувањето, или недостигот од медиумите за прашања поврзани со попреченоста. Тој истакна дека оваа новинарска работилница се организира во рамки на кампањата за подигање на свеста за Меѓународниот ден на лицата со попреченост (3 декември).

Амбасадорот во својот воведен говор говореше за положбата на лицата со попреченост (ЛП) во земјава, како и во Европа, нагласувајќи дека прашањата за попреченост се високо на европската агенда. Тој, исто така, истакна дека ЕУ е ангажирана на многу нивоа во справувањето со прашањата за попреченост и подобрување на условите на ЛП во земјата

По обраќањето на амбасадорот г. Васко Попетревски имаше свое обраќање и прикажа краток филм за едно семејство од Тетово (Мане, со церебрална парализа) и Дневниот центар „Пролет“. Помеѓу другото, г. Попетревски истакна дека медиумите се релевантни чинители во дестигматизирањето на проблемот со попреченоста и подобрување/зголемување на известувањето и застапеноста на потребите на ЛП. Тој истакна дека изразот „инвалидност“ не се прикажува и не се дискутира во медиумите доследно и униформно. Различна е употребата на терминологијата/изразите и употребата на зборови поврзани со лицата со попреченост: „посебни потреби“. „пречки во развој“ исл.

Следниот говорник беше Симона Јовеска, застапник за подобрување на социјалните услуги во заедницата, вработена во општина Битола, која во своето обраќање истакна дека ни самата, како лице со попреченост, нема целосен увид во/„експертиза“ за тоа како треба да биде застапена во медиумите, но таа е на мислење дека ЛП или воопшто не се застапени или застапени само на минимално ниво: како на пример кога ЛП завршил училиште или се оженил/основал семејство, додека медиумите исто така треба да адресираат/претставуваат секојдневните тешкотии и предизвици на ЛП.

Следен говорник беше познатата филмска режисерка Марија Апчевска која подготви видео порака за настанот. Во своето видео обраќање таа истакна дека претставувањето на попреченоста генерално се прави преку два „архетипа“: како „карикатури“ – комичен/самооценувачки хумор и како „виктимизација“ – лица кои доживуваат големи тешкотии во животот и секој момент е огромен, се борат и немаат никакви шанси да уживаат во животот. Преку продукција на документарниот филм, кој ќе го режира таа, намерата е да се прикаже дека ЛП доживуваат сличен живот како и другите, со исклучок на тоа што има многу предизвици кои го засегаат нивното секојдневие. По овие говори, раководителот на тимот на проектот, Марија Маринаку, даде презентација за Попреченоста во медиумите и популарната култура/филмови.