Втора работилница за пилотирање на системот за мониторинг и евалуација на социјалните услуги

Денеска се одржа втората работилница со одбраните давателите на социјални услуги вклучени во пилот активноста за воспоставување на систем за мониторинг и евалуација на социјални услуги на ниво на даватели на социјални услуги. На истата беше презентирана дигиталната форма за известување на месечно ниво.

Проектниот тим на ЕПТИСА, заедно со давателите на услуги дискутираа за содржината и начинот на пополнување на електронските делови (3-6) од месечниот извештај. Истиот има за цел да ја олесни работата на давателите на социјални услуги а воедно и да обезбеди сеопфатни квантитативни и квалитативни податоци за испорачаната услуга на месечно ниво.

Во текот на наредниот период, давателите на услуги ќе ги тестираат подготвените дигитални/електронски формати за известување на месечна основа.