Заврши снимањето на документарниот филм Беласица
Заврши постпрукцијата на документарниот филм Беласица. Започнуваме подготовки за премиера!
Филмот, чија продукција започна пред скоро една година, го следи и го доловува секојдневниот раскош на живот во заедница, за луѓето кои го поминале најголемиот дел од својот живот во институции. Го следи секојдневието на Марица и жителите на Центарот за згрижување лица со интелектуална попреченост во Волково.
Марица го напушти Заводот во Демир Капија во 2008 година, како една од првите жители што беа деинституционализирани. Таа сега живее во Волково, заедно со уште 43 лица со различни попречености, сместени во 5 куќи со 9 станбени единици, управувани од Порака Неготино.
Филмот е во режија на Марија Апчевска, а во продукцијата беа вклучени кинематограферите Ѓорѓи Клинчаров и Фејми Даут, монтажерот Горан Вукич и дизајнерот на звук Игор Поповски.
Документарниот филм Беласица ги доловува придобивките на деинституционализацијата и ја открива моќта на заедницата да обезбеди сите да имаат еднакво право на едноставните работи кои нудат шанса за среќа.
Препорачани прилози
Симпозиум „Реформи за промена“
22/12/2022