Европска стратегија за права на лицата со попреченост 2021-2030 година

3 март 2021 година е значаен датум за Европското движење на лицата си попреченост. Европската комисија ја објави Стратегијата за правата на лицата со попреченост 2021-2030 година. Овој документ ги истакнува предлозите и областите на работа кои имаат за цел да ги подобрат условите за живот на 100 милиони лица со попреченост преку имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Десетгодишната стратегија ги утврдува клучните иницијативи околу три главни теми:

Права на ЕУ: Лицата со попреченост имаат исто право како и другите граѓани на ЕУ да се преселат во друга земја или да учествуваат во политичкиот живот. Врз основа на искуството од пилот-проектот што тече во осум земји, до крајот на 2023 година Европската комисија ќе предложи Европска картичка за попреченост за сите земји на ЕУ што ќе го олесни заемното признавање на статусот на попреченост меѓу земјите-членки, помагајќи им на лицата со попреченост да го уживаат своето право на слободно движење. Комисијата исто така ќе работи заедно со земјите-членки за да се обезбеди учество на лицата со попреченост во изборниот процес во 2023 година.

Независно живеење и автономија: Лицата со попреченост имаат право да живеат самостојно и да изберат каде и со кого сакаат да живеат. За поддршка на независното живеење и вклучување во заедницата, Комисијата ќе развие насоки и ќе покрене иницијатива за подобрување на социјалните услуги за лицата со попреченост.

Недискриминација и еднакви можности: Стратегијата има за цел да ги заштити лицата со попреченост од каква било форма на дискриминација и насилство. Таа има за цел да обезбеди еднакви можности и пристап до правдата, образованието, културата, спортот и туризмот. Исто така, мора да се гарантира еднаков пристап до сите здравствени услуги и вработувања. Новата стратегија содржи амбициозен план на активности и водечки иницијативи во различни области и има бројни приоритети, како што се пристапност до: можност за слободно движење и престојување, но и учество во демократскиот процес; пристоен квалитет на живот и независно живеење, бидејќи особено се фокусира на процесот на деинституционализација, социјална заштита и недискриминација при работа; еднакво учество бидејќи има за цел ефикасно да ги заштити лицата со попреченост од каква било форма на дискриминација и насилство; да се обезбедат еднакви можности и пристап до правдата, образованието, културата, спортот и туризмот, како и еднаков пристап до сите здравствени услуги и промовирање на правата на лицата со попреченост на глобално ниво.

Повеќе информации:

Прес-пакет на Комисијата на ЕУ за Европската стратегија за попреченост 2021-2030

Преземете ја Стратегијата за правата на лицата со попреченост 2021-2030 година на англиски

Лесна за читање верзија на Стратегијата за правата на лицата со попреченост 2021 – 2030 година на англиски